Финска крева ограда на границата со Русија: Ќе трае 50 години

news
Advertisement

Финската погранична стража предлага да се огради дел од границата со Русија за да се спречи нелегален влез во земјата, пренесува „Интерфакс“.
Извештајот на финските граничари укажува дека 10 до 20 отсто од границата долга 1.300 километри треба да биде оградена. Тоа би значело од 130 до 260 километри. Оградата треба да трае 50 години”, пишува финскиот весник „Иле“.

Advertisement

Се проценува дека оградата ќе чини неколку стотици милиони евра.

Шефот на одделот за меѓународна соработка на Граничната стража, Мати Питканити, претходно изјави дека агенцијата веќе почнала со дизајнирање на оградата.

„Тоа нема да биде само ограда, туку ќе има и систем за техничка контрола“, рече тој за време на летната дебата за пристапот на Финска во НАТО.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.