Христијан Пендиков е во судот во Охрид, се соочи со првоосомничениот за нападот Илија Спасески

news
Advertisement

Охриѓанецот Христијан Пендиков се појави во Судот во Охрид каде што треба да даде исказ пред судија во судската постапка против еден од неговите напаѓачи, првообвинетиот Илија Спасески, пишува „А1он“.

Advertisement

Пендиков првпат да дава исказ за настанот пред судот, бидејќи претходно изјава има дадено само пред полицијата веднаш по инцидентот, по што беше префрлен во Бугарија на лекување. Немаше можност својот исказ да го даде и пред обвинителот.Пендиков, кој од неодамна и официјално стана Бугарин, даде исказ во обвинителството во Охрид во рамки на постапката за второобвинетиот, која се уште во фаза на истрага.

На последното судење против Спасески, еден од напаѓачите кои го натепаа Пендиков на 19 јануари, наводно затоа што се чувствувал како Бугарин, охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид.

Адвокатот на обвинетиот Спасески тогаш побара судот да не го прифати објаснувањето на обвинителството дека неговиот клиент е напаѓачот затоа што не може да се утврди идентитетот и на другите двајца на видео-снимката.

Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.