Цел арсенал пронајден во Дебреште

news
Advertisement

Утрово во селото Дебреште е уапсен 41-годишен маж во чија куќа полицијата пронајде пет пушки, еден пиштол и муниција.

Advertisement

„Утрово во 8.30 часот полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р.(41) од Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пет пушки и еден пиштол различен калибар и повеќе парчиња муниција од различен калибар, кои без дозвола ги поседувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.