Црвен картон од ЕУ за Србија. Европскиот парламент ќе бара прекин на преговорите на ЕУ со Србија?

news
Advertisement

Во октомври, Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент ќе расправа за документот со кој се бара од Европската унија да ги продолжи пристапните преговори со Србија само доколку земјата се усогласи санкциите на ЕУ против Русија.

Advertisement

-Да дадете приоритет на усогласувањето на земјите-членки со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да ги продолжите пристапните преговори со Србија само доколку земјата ги почитува санкциите на ЕУ против Русија, се нагласува во нацрт-извештајот за новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување, во кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше увид.

ЕвропаРегионСвет
Европскиот парламент ќе бара прекин на преговорите на ЕУ со Србија?
28/09/2022 16:25
Во октомври, Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент ќе расправа за документот со кој се бара од Европската унија да ги продолжи пристапните преговори со Србија само доколку земјата се усогласи санкциите на ЕУ против Русија.

-Да дадете приоритет на усогласувањето на земјите-членки со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да ги продолжите пристапните преговори со Србија само доколку земјата ги почитува санкциите на ЕУ против Русија, се нагласува во нацрт-извештајот за новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување, во кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше увид.

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент ќе расправа за извештајот на 13 октомври, а конечната верзија на нацртот ќе биде во форма на резолуција на Европскиот парламент, на гласање што се очекува во ноември, соопшти РСЕ.

Европските социјалдемократи, втората по големина групација во ЕП, веќе најавија дека ЕУ не може да ги продолжи пристапните преговори со Србија доколку не ги почитува санкциите на ЕУ против Русија и најавија дека ќе биде вклучена во претстојниот извештај на ЕП за проширувањето.

Србија е единствената земја во регионот која не воведе санкции кон Русија. Земјите кандидати за членство во ЕУ треба постепено да ја усогласуваат својата надворешна политика со ЕУ до членството.

Повикувајќи се на дипломатски извори, РСЕ наведува дека иако се проценува дека Србија е подготвена за отворање на кластерот три, 2022 година би можела да помине без никаков напредок во пристапните преговори на Србија со ЕУ, токму поради односите на Србија со Русија.

Единствено непознато во моментов останува дали да се одржи политичка меѓувладина конференција со Србија во декември, каде што нема да има отворање кластери, но би било можност отворено да се разговара за сите невралгични прашања.

Според извори на РСЕ, земјите-членки по ова прашање се поделени.

Иако сите земји се на мислење дека Србија не заслужува да отвори кластер, една група земји смета дека е добро да се има политичка меѓувладина конференција за да се повтори неопходноста Србија да воведе санкции против Русија.

Друга група земји-членки, пак, смета дека не треба да се направи никаков чекор во процесот на пристапните преговори, дури ни политичка меѓувладина конференција се додека Србија одржува блиски односи со официјална Москва, пишува РСЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.