ЦУК: Поголем дел од селото Лажани е под вода, се врши евакуација на загрозените жители

news
Advertisement

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени.

Advertisement

„Најкритично е во селото Лажани каде што поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите“, велат од ЦУК.

Според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени заради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на селото Лажани со помош на трактори, наведоа од Центарот.

Во моментот ангажирани се 2 багери. Од Територијалната противпожарна единица Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.