Шок за фановите на Астон Вила: Диего Карлос ја завршува сезоната!

news
Advertisement

Диего Карлос летово од Севиља пристигна во Астон Вила како големо засилување, но се повреди уште на стартот од сезоната. По дуелот со Евертон, Анстон Вила и тренерот Стивен Џерард добија лоши вести од медицинскиот тим.

Лекарите потврдиле дека Карлос ја скинал ахиловата тетива и ќе мора да паузира. Од клубот информираа дека тој ќе мора да оди на операција поради која може да отсуства од терените и девет месеци.

Ова значи дека за него веројатно сезоната е завршена, па Астон Вила иако очекуваше тој да биде големо засилување можеби ќе побара ново решение во финишот од преодниот рок.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.