Штипските пекари најавуваат зголемување на цената на лебот по 15 август

news
Advertisement

Дел од производителите на леб во земјава ја зголемија цената, а штипските пекарници се уште лебот го продаваат по старата цена. Николче Малинов сопственик на пекарница вели дека и тие ќе ја зголемат цената, но, кон средината на овој месец.

Advertisement

Се очекува цената на лебот да се покачи за два денари, а корекцијата ќе ја направат по 15 август. Посочи дека ова се должи на зголемување на цената на струјата, како и на повисоката откупна цена на житните култури.

Во моментов на рафтовите во пекарниците и супер маркетите најниската цена на лебот во зависност од грамажата е околу 30 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.