Џабе Политика

news
Advertisement

Фејсбук статус на Вецко Здравевски, политолог, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ

Advertisement

Вмровец 30 години, а како политиколог и аналитичар кои повеќе од 20 години се занимава со политика, со политички партии, со политичка кампања и избори, можам да е соопштам добронамерната политичка анализа направена за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кои од месец, во месец се намалува, а пак кај гласачите од месец, до месец има поголемо разочарување и не планирање за излегување на гласање на избори и доверба за партијата, но тука е и рејтингот на СДСМ кои исчезнува.
За СДСМ, нема да ја соопштам анализата, за исчезнувањето на рејтингот како партија и како влада, пошто СДСМ си владее катастрофално скоро шест години во државата, но проблемот е со ВМРО-ДПМНЕ што си тапкаат во едно место скоро шест години? Исклучок е еден голем пораз на самите во СДСМ за локалните избори.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека Политиката е “заебана” работа, да се биде, или да глумиш Политичар е многу тешка професија, за политичар се бараат многу квалитети, да си прагматичен, храбар, издржлив и најважно да имаш аналитичка способност и способност за решавање на разни конфликти, а за да бидите во врвот на најголема политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ, треба да поседуваш мудрост, искуство, храброст, вистинска идеологија, но исто важен е дијалогот и разменување и почитување на мислења, идеи, критики со сите околу вас.
Некои во раководството на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека се политичари и сами си создаваат бура, и после се незадоволни дека им врни.
Во ВМРО-ДПМНЕ треба да се свесни, и да не повторуваат и да не прават грешки во политички проценки за референдуми, протести, разни напади со иритирачки сопштенија, конфротации со други партии, и со други политичари.
Во ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат за одреден краток период да поставуваат на високи партиски функции луѓе што не ја разбираат политиката и не знаат што значи ВМРО, а во меѓувреме, за тој краток период на глумење вмровски голем политичар и партиски фунционер да гори и рејтингот на партијата.
Многу во врвот на партијата пред да изгорат како политичари и како луѓе, треба да се свесни навреме да се повлечат од политика, не заради егото, а заради самопочита.
ВМРО ДПМНЕ и Претседателот, ако сакаат да дојдат на власт, и да ја рестартираат државата, треба прво да менуваат многу работи во своите редови на партијата, но најважни се Три, прво: мудри, храбри, искусни вмровски идеолози во раководството на партијата, второ: нова стратегија на водење на внатрешна и надворешна политика и трето; под итно обединување на десно ориентираните партии, организации, движења, обединување на разочараните десни гласачи, разочараните демохристијани, конзервативци и вмровци, инаку Џабе Политика.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.