Џаро- му организирав свадба на веќе оженет човек, ама кога ме фати неговата вистинска жена…

news
Advertisement

Во август оваа година, Здравко Чолиќ пеел во Битола и според сторињата и снимките кои ги објавија битолчани било полно во клубот Голд Фелиција. Чола таму пеел што се вели „од јутра до сутра“, но една снимка на Фејсбук покажува интересна и несекојдневна ситуација.

Advertisement

На сите им е познато дека Здравко долги години соработувал со легендата Велибор Џаровски- Џаро, тоест Џаро на Чола му бил менаџер. Џаро има раскажано доста анегдоти за Чола.

Инаку, и Џаро бил во Битола, и тоа е објавено на неговиот Фејсбук профил. На снимката, Џаро му се доближил на Чола, а тој од сцената му ја бакнал раката, ама и ракант на Чола ја бакнал Џаро. -Тука е мојот пријател, мојот менаџер Џаровски, топ, број еден“, рекол Чола за Џаро.

Џаро бил гостин во емисијата Еден на Еден кај Жаре и таму раскажал дел од неговите приказни, а кажал и какo организирал момачка вечер на најпознатиот бизнисмен во Македонија, но рекол дека е ептен познат и името нема да му го каже.

-Ако кажам еден збор, сите ќе знаат. Најпознат и на мене најдраг. Јас носам 17 Русински на момачката вечер, еден мој пријател кој беше шеф на царина на Деве Баир, преку свои пријатели од Струга и од Охрид носи уште десет женски.

Значи 27 женски. И се прави Мис то-плес, во жири се двајца членови на Владата на Македонија, а родителите на момчето и на девојката викаат ова е брука, и не дојдоа они.

А оној Гајиќ што го женев, истиот тој младожењата, он вели- јас сега се сетив како да дојдам до пари. Јас доаѓам, гледам. Он стои како некаква рецепција и продава ко-н-доми, по 50 по 100 марки.

Јас му викам, намали малку, голема е цената. Не, не вика. Вистинските гости уште не се стигнати. После и на 120 дигна, се продадоа сите“, рекол Џаро, а потоа Жаре му кажал: Јас кога ќе се зимам ти ќе ми правиш момачка, ама не го викај Мирослав. Претходно, тој кажал уште некоја финта, тоест приказна за тоа како организирал свадба на пријател на кој пеела Тереза Кесовија, ама таа свадба всушност била лажна.

-Имам пријател, мој колега, Мирослав Гајиќ, кој живее во Белград, и работи со пејачите со кои сум работел јас. Ама он е оженет со наша пријателка и имаат дете. Меѓутоа, на разни начини губи пари и троши непотребно.

И сега ми вика: Брате, како да дојдеме до пари? Пушти ме јас да размислам 3-4 дена. И јас имам за едно 15 дена турнеја низ Србија, низ Косово и низ Македонија, турнеја со Тереза Кесовија.

И пројдоа 3-4 дена, и му викам јас: Ќе напрвиме свадба дека се жениш ти. Па, јас сум оженет човек. Па, ти нема да се венчаш, ќе правиме свадба во Конинентал само за подароци.

Коверти, шпорети, фрижидери.. Лажна свадба за вистински подароци. Тоа беа редови…Најголемите бизнисмени македонски и скопски дојдоа“, рече Џаро. А, кога го прашаа: Што викавте, Мирослав со кого се зима?

-Па, жената е феноменална. Во Скопје работи, одлично изгледа, фино. На пола свадба, доаѓа жена му вистинска, која ми е пријателка мене, Милена па вика: Џаро, ти му правиш свадба на мојот маж! Ма, не е ова свадба, ова се само подароци, ова ти ќе го користиш. Али, Тереза доаѓа и пее. Она ги поздравува гостите. Младенците да живеат во мир, во слога, никогаш да не се разделат.

А, бракот не траеше ни минута, немаше венчавање. Тоа беше само добра забава и собравме многу поклони. Две комбиња требаше…“, раскажал Велибор Џаровски во емисијата Еден на еден.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.