Џејлан Велиу, една од основачките на Левица тврди: Апасиев фалсификувал десетици документи за да стане претседател

news
Advertisement

Димитар Апасиев фалсификуваше десетици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не се одржаа. На тој начин, без почитување на статут или право, тој ја фалсификуваше структурата на партијата и тие лажни документи ги достави до судот“ изјави Џејлан Велиу, една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“, а пренесува порталот „Нова.мк“

Advertisement

Таа објаснува дека во февруари 2019 на овој начин, со лажирани оставки, четири членови, меѓу кои беше и таа, биле избркани од седумчленото претседателство на Левица.

„Потоа тие ги сменија и бравите на партиската канцеларија во Скопје и ги презедоа веб страницата и профилите на социјалните мрежи на партијата. Неколку дена пред тоа ја „киднапираа“ и партиската банкарска сметка на која имаше околу 90 илјади евра, пари добиени од државата по резултатите на изборите“ изјави Велиу.

Како што објаснува Велиу, ваквиот однос на Апасиев следува по одбивањето на највисоките тела на Левица за претседателските избори во 2019 година да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, нешто на што тој инсистирал. Велиу исто така открива дека дури и пред предлогот од страна на Апасиев за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, тој имал изјави и поддржувал десничарски иницијативи, со што се дистанцирал од остатокот од партијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.