Еве до кога треба да се исплати К-15

News

Еве до кога треба да се исплати К-15

До крајот на годината, работниците во Македонија ќе добијат регрес за годишен одмор, познат како К-15. Според законот, исплатата на регресот треба да се реализира до 31 декември и изнесува најмалку 40% од просечната плата, а може да достигне и 100% од неа.


Минималната сума за оваа година за вработените во приватниот сектор е 18.141 денари, додека за административците во јавниот сектор изнесува 12.372 денари, информира потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски.


Тој додава дека поголем дел од работодавачите веќе ги знаат своите обврски и ретко кој не исплаќа К-15. Минатата година биле пријавени само 22 случаи од околу 4.000 работници, главно од текстилната индустрија.

„Позитивен пример се странските компании од градежниот сектор кои работат во Македонија и исплаќаат 100% од регресот, но има и македонски компании кои даваат и до 45.000 денари. Сепак, има и мал број работодавачи кои исплаќаат само законски минимум“, изјави Пешевски.

Вработените кои не го добијат законскиот минимум можат да пријават во синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *