100 години република – македонски корени до модерна Турција

news
Advertisement

Турција денес, 29 октовмри слави 100 години од нејзината независност како Република.

Advertisement

Трансформацијата кон Република е благодарение на визијата и одлучноста на Кемал Мустафа, наречен и Ататурк, односно татко на нацијата.

Тој вовел радикални промени во турското општество со формирањето на секуларната република за разлика од отоманскиот начин на владеење кој повеќе од пет века егзистирал во Турција.

Модерната турска држава има свои корења и во Македонија, Мустафа Кемал Ататурк своето средно образование го завршил во средното воено училиште во Битола и токму тој период од неговиот живот имал влијание врз формирањето на неговата личност и неговите идни одлуки во животот.

Таткото пак на Ататурк, Али Риза Ефенди влече потекло од македонското село Коаџаџик, во општина Центар Жупа, каде во август 2009 г. се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза Ефенди.

Република Турција денес е модерна, демократска држава, членка на НАТО и силен регионален лидер на Блискиот исток, но Балканот, а иствремено е еден од најсилни сојузници и партнери на Република Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *