ВМРО-ДПМНЕ ОСВОИ 54 ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МЕСТА, ПЛУС ГРАДОТ СКОПЈЕ Убедлив триумф на Коалицијата „Твоја Македонија“ на локалните избори
Коалицијата Вреди освои 8 општини, а го поддржа и независниот кандидат кој победи во Струга, СДСМ има 6, а ДУИ четири градоначалнички места.
Според сè уште неофицијалните резултати од вториот круг, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2025 има освоено 54 градоначалнички места, а втора коалиција со освоени 9 градоначалнички позиции е Вреди.
Бројките на освоени градоначалници ја покажува убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Заедно со освоените градоначалници во првиот круг, владејачката партија освои 54 градоначалници, СДСМ 6, Вреди 8 и еден независен – Менди Ќура, кого коалицијата го поддржа како кандидат на Струга. ДУИ доби 4, а ЗНАМ и Унијата на Ромите, по еден градоначалник