Како се случи трагедијата кај Росоман? Кои се загинатите?

News

До сударот на патот Прилеп-Росоман дошло при претекнување, велат од Обвинителството

Еден од загинатите е возач на еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајната несреќа. Неговото тело и телото на другиот починат ќе бидат дадени на обдукција, а кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанци

До сообраќајката што попладнево се случи на патот Припеп-Росоман дошло при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, соопшти вечерва Обвинителството според првичните сознанија за причините за несреќата во која загинаа две лица, а петмина се повредени.

Еден од загинатите е возач на еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајната несреќа.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид и издаде наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите“, наведуваат од Обвинителството.

Телата на двајцата починати ќе бидат дадени на обдукција, а кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанци.

„Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“ велат од Обвинителството.

Несреќата се случи попладнево околу 17 часот на патот Прилеп-Росоман во близина на селото Радобил. Тројца од повредените се пренесени во болница во Прилеп, а двајца во болница во Кавадарци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *