ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – УАПСЕНИ ДЕВЕТ ЛИЦА, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНИК
Во текот на вчерашниот и денешниот ден, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа серија акции на повеќе локации низ градот, при што беа лишени од слобода девет лица, меѓу кои и еден малолетник.
Уапсени се: А.А. (40) од Турција, Т.М. (25) од скопското село Волково, Н.С. (30) од село Р’жаничино, како и Б.А. (23), Б.С. (21), Д.А. (31), А.М. (38), Е.З. (39) и 17-годишно лице – сите од Скопје.
Според полицијата, при претресите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, шишиња со непозната течност и марихуана.
По целосно документирање на случаите, против уапсените ќе бидат поднесени соодветни пријави. Полицијата продолжува со активности за откривање и спречување на нелегална трговија со дрога во главниот град.