Растел на улица меѓу дилери и жени со лесен морал, го напуштил училиштето поради глумата, а го бркале од снимањата поради темпераментот
Од уличен бунтовник до холивудска легенда – неверојатниот животен пат на Леонардо Ди Каприо.
Леонардо ди Каприо е еден од најпознатите и најпочитувани актери на денешницата, но патот до славата не му бил ни малку лесен. Славниот актер стекна светска популарност по улогата во епската драма на Џејмс Камерон – „Титаник“ (1997), и стана еден од најуспешните актери на Холивуд.
Леонардо Вилхелм Ди Каприо, роден на 11 ноември 1974 година во Лос Анџелес, е единствено дете на Ирмелин и Џорџ Ди Каприо. Името го добил по генијалниот уметник Леонардо да Винчи, бидејќи неговата мајка, додека била бремена, почувствувала како бебето „силно удира“ токму додека гледала слика од Да Винчи во галеријата Уфици во Фиренца.
Родителите му се развеле кога бил мал, а го одгледувала мајка му – правна секретарка со германско потекло. Иако растел во сиромашен кварт во западен Холивуд, опкружен со насилство, дрога и проституција, Леонардо уште како дете покажувал невообичаена љубопитност и актерски талент.
Сакав да имитирам луѓе, да измислувам ликови и да се шегувам со родителите“, признал тој во едно интервју.
Средното училиште „Џон Маршал“ брзо му станало здодевно – мечтаел само за сцената и за камерите. Го напуштил училиштето за да му се посвети на актерството, но подоцна сепак дипломирал.
На почетокот снимал телевизиски реклами, но често го отфрлале поради неговиот немирен дух. Еден агент дури му предложил да го смени името во Лени Вилијамс, сметајќи дека „Леонардо Ди Каприо звучи премногу етнички“. Иако во еден момент сакал да се откаже, неговиот татко го убедил да истрае – и токму тоа било пресудно.
Ди Каприо ја започнал славната кариера со телевизиски улоги, а потоа блеснал на големото платно. Соработувал со легендарниот режисер Мартин Скорсезе на филмовите Бандите на Њујорк, Авијатичарот, Патот на револуцијата, Отпадниците и Волкот од Волстрит. Работел и со Квентин Тарантино на Џанго ослободен и Беше еднаш во Холивуд, а публиката го обожава во култните Титаник, Големиот Гетсби, Потекло и Крвав дијамант.
Првата номинација за „Оскар“ ја доби за улогата во филмот Што јаде Гилберт Грејп (1993), а златната статуетка ја освои дури во 2015 година за Повратникот.
Иако на големото платно глуми совршено смирени и харизматични ликови, неговиот приватен живот отсекогаш бил полн со турбуленции. Како дете бил сведок на улично насилство, а неколкупати и самиот бил нападнат од дилери. Растел во средина во која криминалот и уметноста се преплетувале – низ неговиот дом поминувале уметници, писатели и ексцентрични личности како Чарлс Буковски и Хјуберт Селби Џуниор.
И покрај сè, Лео не дозволил да потоне во тој мрак. Неговиот полубрат Адам Фарар прв тргнал по актерски стапки, но подоцна западнал во зависности и криминал, додека Леонардо успеал да се извлече и да изгради блескава кариера
Во 23-та година стана светска сензација со Ромео и Јулија и Титаник. Од тој момент, Леонардо стана симбол на привлечност и талент – „кралот на светот“ кој ги освојуваше срцата на милиони жени.
И денес, на 51 година, неговите љубовни избори се тема на медиумите. Во минатото беше поврзуван со супермоделите како Наоми Кембел, Жизел Бундшен, Бар Рафаели и други убавици во дваесеттите години. Неговото „правило од 25 години“ – дека ретко излегува со девојки постари од 25 – долго време беше предмет на шеги во јавноста.
Најголемо внимание привлече врската со моделот Камила Мороне, која заврши веднаш по нејзиниот 25-ти роденден. Денес, Леонардо е во врска со италијанската манекенка Виторија Черети, која има 27 години – доказ дека можеби правилото конечно е прекршено.
Иако важи за заводник, Ди Каприо ретко открива детали за приватниот живот. Неговите пријатели се познати по лојалноста и тишината пред таблоидите, а единствената која некогаш сподели нешто повеќе на социјалните мрежи – манекенката Тони Гарн – подоцна ги избриша сите фотографии по предупредувањето од неговиот адвокатски тим
Денес, Леонардо Ди Каприо е повеќе од актер – тој е симбол на истрајност, талент и борба против сопствените демони. Од дете што растело меѓу дилери, до човек што ги освојува и Холивуд и светот – неговата приказна е доказ дека патот до успехот никогаш не е лесен, но секогаш вреди