ЛЕКАРОТ ШТО ЈА ПРЕГАЗИ МАЈА САМ СЕ ПРИЈАВИ Македонецот со адвокат даде исказ во полициска станица во Софија
По жестоките реакции во јавноста, докторот Ненад Цоневски сам се појавил во полициска станица во Софија за да даде изјава за инцидентот што ја разбранува Бугарија.
МакедонијаСлајдер
Македонскиот доктор Ненад Цоневски, кој пред неколку дена прегази куче во Софија, денес сам се појавил во Третата окружна полициска станица во придружба на својот адвокат. Веста ја потврди директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, кој изјави дека Цоневски целосно соработува со истрагата.
Станува збор за 28-годишен специјализант по торакална хирургија во Воено-медицинската академија во Софија, од каде вчера беше суспендиран поради отворањето на истражната постапка против него.
Инцидентот се случил на 9 ноември, кога докторот, излегувајќи со својот автомобил од гаража во населбата „Расадник“, го прегазил кучето по име Роксана, кое локалните жители го нарекувале Маја. Кучето претрпело тешки повреди и било еутанизирано во ветеринарна клиника.
– Мажот е обвинет според член 325 Б – за предизвикување смрт на ‘рбетно животно – изјави комесарот Николов.
На Цоневски му е одобрена кауција од 5.000 лева, а според полицијата, тој бил мирен и кооперативен при појавувањето во станицата.
Портпаролот на Окружното обвинителство, Николај Николаев, потврди дека според првичните докази, постои сомнеж за намерно сурово однесување кон животното, кое резултирало со сериозни повреди на ‘рбетот и парализа