ТАГА И ШОК ВО ГРЦИЈА: СОПСТВЕНИЧКА НА ПЕКАРА ЗАГИНА ОТКАКО КОСАТА Ѝ СЕ ЗАПЛЕТКАЛА ВО МИКСЕР ЗА ТЕСТО
Трагедија го потресе грчкиот град Лариса по несреќата што се случи во раните утрински часови во четврток, кога 49-годишна сопственичка на пекара го загуби животот за време на работа.
Според локалните медиуми, жената под засега неутврдени околности починала откако косата ѝ се заплеткала во индустриски миксер за замесување тесто. Моментот на несреќата бил ненадеен и фатален.
Иако вработените веднаш реагирале и на местото брзо пристигнала екипа на итната медицинска помош, лекарите не успеале да ја спасат.
Полицијата спроведува истрага за да ги утврди точните околности, а првичните информации укажуваат дека станува збор за несреќен случај, а не за кривично дело.
Пекарата каде што се случи трагичниот инцидент ќе остане затворена во наредните денови, додека локалната заедница изразува длабока тага и неверување по загубата.