ЦЕЛ БАЛКАН НА НОЗЕ: ИСЧЕЗНАА ТРИ ДЕЦА– ПОСЛЕДЕН ТРАГ ЗАГУБЕН ВЧЕРА

News

ЦЕЛ БАЛКАН НА НОЗЕ: ИСЧЕЗНАА ТРИ ДЕЦА– ПОСЛЕДЕН ТРАГ ЗАГУБЕН ВЧЕРА

Три малолетни лица од Сисак се водат како исчезнати, а нивните семејства и полицијата алармираат за итна помош од јавноста. Исчезнати се братот и сестрата Андријан Оречиќ (14) и Кјара Оречиќ (13), како и Патрик Јантолек (16).

Мајката на Кјара и Андријан изјавила за Дневник.hr дека верува оти тројцата исчезнале заедно.
„Не знаеме каде се. Ги проверивме сите места каде што би можеле да бидат, сега чекаме полиција“, изјавила таа, додавајќи дека секоја минута е пресудна.

Полицијата во Сисак веќе спроведува интензивна потрага, а граѓаните се повикуваат да се јават во најблиската полициска станица или на бројот 192 доколку имаат било какви информации што би помогнале во пронаоѓањето на исчезнатите млади лица.

Ситуацијата е оценета како многу сериозна, а семејствата бараат поддршка и будност од јавноста за што побрзо разрешување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *