ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕШЕ ВО ЈУГОЗАПАДОТ: ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ПОЧУВСТВУВАНИ ВО ОХРИД И БИТОЛА
Два земјотреса беа почувствувани во текот на вчерашниот ден во Охрид, Битола и околните места, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Првиот земјотрес бил регистриран во 19:50 часот, додека вториот, посилен потрес, е почувствуван во 23:10 часот. Според официјалните податоци, вториот земјотрес имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС).
Епицентарот на ноќниот земјотрес потекнувал од територијата на Република Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје, со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Според првичните информации, другиот потрес имал епицентар во Грција.
Граѓаните пријавиле краткотрајно, но јасно почувствувано тресење, без информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби продолжуваат со следење на сеизмичката активност во регионот.