17 ИСЧЕЗНАТИ И 77 ПОВРЕДЕНИ Голем пожар во складиште за нафта во Куба ВИДЕО

news

Седумнаесет лица се сметаат за исчезнати, а 77 се повредени во големиот пожар на западот на Куба, што избувна вчера во складиште за нафта откако беше погодено од гром.

Advertisement

Седумнаесете исчезнати се пожарникари кои биле во областа најблиску до пожарот кога се случила експлозијата, соопшти кабинетот на кубанскиот претседател, кој побарал помош и совет од пријателските земји со искуство во нафтениот сектор за тоа како да се стави пожарот под контрола. Претседателот Мигел Дијаз-Канел на Твитер напиша дека гаснењето на пожарот може да потрае некое време.
Пожарот се случил откако гром удрил во еден од резервоарите за складирање нафта на периферијата на Мантазас, град со 140.000 жители, на околу сто километри источно од Хавана. По неколку часа експлодирал уште еден резервоар. Кубанската државна телевизија јави дека по втората експлозија 17 пожарникари се водат како исчезнати. Цивилите веќе биле евакуирани од областа.

Тројца од повредените се во критична состојба, тројца се во многу тешка состојба, а 12 се здобиле со тешки повреди, пишува официјалниот весник Гранма. Според Гранма, системот за заштита од гром не можел да го преземе силното електрично празнење./plusinfo.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.