20-годишно момче физички се пресметало со брачен пар – ги повредил со остар предмет

news
Advertisement

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (22 ноември) околу 18 часот и 30 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста „Бошков мост“ го лишиле од слобода 20-годишниот Е.А. од долнореканско Могорче.

Advertisement

Тој бил пријавен дека половина час пред тоа физички се пресметувал со 42-годишниот А.З. и неговата 41-годишна сопруга Ф.З. во дворот пред нивната семејна куќа, а на што му претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

Според пријавеното, Е.А. во пресметката користел и остар предмет со кој ги повредил сопружниците А.З. и Ф.З..

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.