21 загинат во страшна несреќа кај Венеција, автобус излетал од надвозник

news
Advertisement

Најмалку 21 лице загина откако автобус излетал од надвозник во близина на Венеција.

Advertisement

Автобусот излетал од патот нешто пред 20 часот синоќа и паднал во близина на железничка линија во областа Местре, која е поврзана со Венеција преку мост, јавија италијанските новински агенции и телевизија.

Италијанските медиуми јавуваат дека автобусот паднал од височина од 30 метри пред да се запали. Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот.

Утрово, пишуваат италијанските медиуми, автобусот е веќе отстранет од местото на несреќата.

Меѓу идентификуваните жртви во автобуската несреќа во Местре има Германец, пет Украинци и Италијанец кој управувал со автобусот, потврди префектот на Венеција, Микеле Ди Бари. Во несреќата загинаа две деца. Причината за несреќата сѐ уште не е јасна.

„Тоа е апокалиптична сцена. Јас сум без зборови“, објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на X.

Sky Italia објави дека голем број тела биле извлечени од урнатините откако автобусот се запалил. Во несреќата се повредени 18 лица.

Леонардо, сведок на страшната несреќа во Венеција, за италијанскиот LaPresse ги опиша звуците што ги слушнал кога се случила несреќата.

Во моментот на несреќата тој се наоѓал во стан недалеку од местото на несреќата.

„Слушнав силно сопирање, мислев дека е воз. Потоа звук на тап, тап удар. Се стресов и погледнав надвор, видов чад и луѓе кои повикуваат на помош“, вели Леонардо.

„Веднаш излегов надвор, кога стигнав до автобусот, врисоците се претворија во мртва тишина. Сакав да помогнам, но другарката и полицајката ме спречија бидејќи автобусот сè уште беше во пламен и постоеше опасност од експлозија. Останав таму додека не дојде помошта, која пристигна по дваесетина минути“, опиша Леонардо.

Извор: https://kajgana.com/21-zaginat-vo-strashna-nesreka-kaj-venecija-avtobus-izletal-od-nadvoznik

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *