Уапсени „камен“ пијани возачи во струшко, Македонска Каменица, Кавадарци и Старо Нагоричане

News

Лишени од слобода возачи во струшко, Македонска Каменица, Кавадарци и општина Старо Нагоричане, кои управувале возило под дејство на алкхол.

Како што информираат од МВР, ноќеска (15.11.2025) во 03:45 часот во с.Подгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга го лишиле од слобода Т.С.(39) од село Оровник, охридско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Т.С., и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.

Вчера (14.11.2025) во 15:54 часот во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово – Полициска канцеларија Старо Нагоричане го лишиле од слобода Н.А.(52) од с.Старо Нагоричане. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.А., и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

Исто така, вчера во 22:00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода Б.П.(55) од село Дулица – општина Макдонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „цитроен“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица,, кое го управувал Б.П, и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,87 промили алкохол во крвта.

Ноќеска (15.11.2025) во 00:20 часот на улица „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(24) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген транспортер“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое тој го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *