Албанец затекнат во струшко како шверцува огревни дрва, нелагално влегол и во државата

News

Уапсен 20-годишен државјанин на Албанија кој нелегално влегол во Македонија и бил затекнат како врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (16.11.2025) во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа О.Ц.(20) од Република Албанија.

Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *