Кочанскиот о6винител Јанев: Дискотеката ,,Пулс” била смртоносна стапица- ќе се шокирате на што бил спремен сопственикот Деко за профит!

News

Кочанскиот обвинител Борче Јанев денеска го даде воведниот говор на судењето за кочанската трагедија во дискотеката ,,Пулс”. Тој ги опфати сите пропусти кои доведоа до смртта на 63 деца и над 200 повредени. Потенцираше, дека катастрофата не ја предизвикала една човечка рака, туку цел систем.

-Катастрофата во Кочани не настана од пропусти на само една човечка рака. Не настана од само активацијата на пиротехниката. Снимките кои не потресоа сите, се само одложено зло. Не изгоре само објектот, изгоре и вербата дека тој што требало да заштити, не заштитил…
Изгоре иднината на младите кои сакале само забава.

Ако премолчиме и ја изгубиме вистината, и не се соочиме со целосната димензија на оваа трагедија, никогаш нема да можеме да тргнеме на патот за заздравување.

Кој дозволи работа на објектот, кој не смеел да работи. Кој дозволи влез, без излез, кој не ја согледа смртоносната опасност…

Овој настан не е несреќа. Се работи за цел сплет на низа пропусти и замижувања.

Нашиот народ вели, подобро да спречиш отколку да лечиш. Но во овој случај последиците се неизлечиви, зошто никој не се обидел да ги спречи. Кога превенцијата затајува, државата нема друг начин освен да гони и казнува, истакна обвинителот.

Тој образложи и зошто одговорноста се протега на толку голем број обвинети, и се протега низ толку голем временски период, од 2012 година, до денот на трагедијата.

-Казнивото дело не може да биде само активацијата на пиротехниката.
Злодело е и самото постоење на овој објект. ,,Пулс” од секогаш бил смртоносна стапица, буре барут.
Никулците на ова невидена катастрофа биле одамна изникнати. Опаснаста кој демнела со години никој од обинетите не ја видел, а требале да ја спречат, рече обвинителот.

Тој додаде и дека јавноста ќе се шокира од дејствијата на сопственикот на дискотеката, Деко, кој во оваа стапица го вовлекол и сопственото дете.

-Обвинетиот Дејан Јованов без било какви институционални стеги и контроли за почитување на безбедносните правила и прописи, опасноста никогаш не го интересирала. Доказите многу јасно ќе го потврдат тоа.
Димензијата на преземени дејствија и обемот на пропусти што постоеле кај овој човек се шокантни и запрепастувачки…
Ќе можете да слушнете и да видите на што се бил спремен овој човек само заради профит и материјална благодет. Низ материјалните и вербалните докази ќе ги согледате и неговите човечки одлики и особености.
Бидете убедени дека ќе Ве потсетат на негативните ликови од делата на Гогољ, Достоевски, Орвел,
антипод на сите човекови вредности, рече обвинителот.

Тој образложи дека овој човек самиот не успеа да го преврти системот наопаку.

-Во најтесна закрила до него ги подредил неговиот кум, неговиот брат, па дури и сопственото дете. Сите впрегнати да работат и да кршат закони по негова замисла.
И никој на овој човек, никогаш не му застанал на пат. Последиците одамна имале опасен и хаотичен, но целосно предвидлив тек, рече Јанев.

Тој дополни и дека не е важно кој го запалил огнот, туку кој имал кофа вода и не го изгасил.

-Се утврди дека во делот за безбедноста никој не постапувал.
Веднаш на почетокот да биде јасно. Временскиот период на инкримираните дејствија е ужасно долг. Доказите даваат јасни смерници за врската на дејствијата и последиците. Сите лиценци се манливи, а треба да биде круна на секоја безбедносна проверка. Ниту формалните, ниту суштинските обврски не биле исполенти за издавање на лиценците. Така доказите не доведоа до 2012 година. Од тогаш почнал виталот на непостапување и траел до кобната вечер, рече во својот говор кочанскиот обвинител.

Обвинителот додаде дека критичната вечер во објектот имало на 600 лица, меѓу кои и деца.

-Кога се изведувала песната ,,Што сака нека биде”, биле активирани пиротехничките фонтани, кои го запалиле плафонот додека се уште траела песната, рече обвинителот.

Тоа пак што децата не можеле да излезат брзо и да се спасат од опасноста, доведува до одговорноста на сите останати, кои биле дел од синџирот низ годините, а кои го овозможиле функционирањето на објектот.

-Ако овој објект ги исполнуваше стандардите, ако вратите беа доволни и проодни, ако плафонот и ѕидовите не беа обложени со отров што убива побрзо од пламен, ако имаше функционална вентилација,
ако постоеше противпожарен систем,
ако имаше навремена контрола, надзор и санкција, — пожарот сам за себе ќе се запаметеше како опасен инцидент, но не и како масовна гробница.

Затоа денес бараме одговорност по име и презиме, бараме правда, правда, но не заради утеха и одмазда, правда како последица на незаконитост..

За светлата во дискотеките никогаш повеќе да не го заслепат разумот и за ниту еден лажен сјај, самоволие и привид на контрола и постапување… никогаш повеќе да не бидат посилни од човечкиот живот, рече Обвинителот.

По неговото завршување тој доби аплауз од родотелите, кои не можеа да ги задржат солзите пред емотивниот говор на кочанскиот обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *