Во штипскиот Основен суд започна судењето на Стојанче Зарков, обвинет за убиство на својата 84-годишна мајка. Според обвинението, на 8 август тој со нож ја усмртил жената, а потоа самиот го пријавил случајот.
Обвинителката Тања Кацарова побара најстрога казна, оценувајќи го делото како сериозна повреда на општествените и морални вредности, истакнувајќи дека мајкоубиството оставило трајни последици во семејството и општеството.
Бранителот на обвинетиот, Донче Стаменков, побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека нема докази за мотив или умисла и дека доставените докази се контрадикторни.
Зарков во исказот рече дека не се сеќава на ноќта кога се случил инцидентот, што дополнително ја комплицира истрагата. Судењето продолжува.