НАЈНОВА ВЕСТ: Трагична сообраќајка во Македонија – многу повредени и загинати

News

Денес околу 04:20 часот во ОВР Валандово е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М. (52) од Србија, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото починало женско лице – мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. Со повреди се здобиле уште седум лица – мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.

Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *