СВР Битола информира – На 14.11.2025 во 16:40 часот во с.Избиште, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода Ѓ.В.(32) А.В.(29) и Б.В.(27), сите од Битола. При преглед на патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В., а сопатници биле А.В. и Б.В., пронајдени се марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.