Инфлуенсерката Боби Алтоф неодамна јавно проговори за непријатното искуство што го имала по последната козметичка процедура. Таа решила да стави ботокс, но, како што вели, инјекциите ѝ предизвикале речиси целосна неподвижност на лицето.
@bobbialthoff #botchedbotox Actually so angry. My face is paralyzed I can’t move it and I could cry
„Ако сте се прашувале зошто лицето ми изгледа како да не реагира, еве ја вистината. Во 2023 година, една личност ми предложи ботокс и јас прифатив. Меѓу другото, ми ставија ботокс и во брадата, што резултираше со тоа да не можам нормално да се насмевнам“, раскажува таа.
По овој третман, Боби развила хронична болка во долната вилица и побарала второ мислење. Новиот специјалист ѝ дал уште инјекции, овој пат во слепоочниците, со цел да ги релаксира напнатите мускули.
Несаканите последици, според неа, ќе ја следат уште неколку месеци – сè додека ботоксот целосно не се разгради. „Очите ми изгледаат како да се заледени, но тоа не е најстрашно. Не можам да се насмевнам, лицето ми е вкочането. Овде чувствувам постојана напнатост, тоа само ме боли“, изјави таа во видео што го сподели на социјалните мрежи.