Тетово воведува бесплатен јавен превоз за сите кои ги имаат подмирено обврските кон Општината. Одлуката важи за учениците од основните и средните училишта, како и за здруженија и институции кои ќе потпишат меморандум за соработка со општината.
Граѓаните ќе можат непречено да го користат превозот без дополнителни трошоци, што ќе придонесе за олеснување на секојдневното движење и подобрување на јавниот сервис.