Скопското обвинителство отвори истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво. Тој на 15 ноември, заедно со уште едно лице кое е во бегство, спроти трговски центар во Скопје, со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач.
Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 денари. Го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале.
Обвинителството бара притвор за 43-годишниот напаѓач.