Која е мистериозната девојка во црна венчаница на улиците на Скопје?

News

Дали сте ја забележале мистериозната девојка во црна венчаница на улиците на Скопје?


Во последните неколку денa, минувачите во центарот на Скопје, и тоа на неколку локации, можеа да забележат девојка во елегантна црна венчаница, која носи букет.
Нејзиниот изглед привлече внимание, не само поради необичната боја на фустанот, туку и поради атмосферата што потсетуваше на сцена од филм.


Во нашата култура ретко може да се види црна венчаница, иако во некои култури оваа боја симболизира лојалност и вечност. Сепак, кај нас, црната сè уште носи чувство на мистериозност и необичност, поради што оваа глетка е уште поинтригантна.


Интересно е тоа што слични случаи се забележани и во Белград, Подгорица и Загреб, а тоа предизвика шпекулации дека можеби станува збор за испланиран перформанс или визуелен проект што поврзува повеќе градови.
Што, всушност, стои зад појавувањето на невестата во црно: перформанс, уметничка порака или спонтан чин?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *