На врвот на својата слава, Дафи, пејачката од Велс, освои Греми и многу други големи музички награди пред да ја објави својата пауза во 2011 година. Пејачката, која во кариерата собра богатство од 4 милиони фунти, со години молчеше за причините за нејзиното заминување, се до 2020 година. Таа тоа тогаш го објави на Инстаграм.
„Тоа е вистина, и ве молам верувајте ми дека сега сум здрава и на сигурно, бев силувана и дрогирана и држена во заробеништво неколку дена. Се разбира, преживеав“.
Дафи подоцна ќе открие дека била дрогирана во ресторан на нејзиниот роденден пред да биде однесена во друга земја, каде што издржала застрашувачки четиринеделни искушенија.
„Силувањето е како живо убиство. Жив си, но мртов“, објасни Дафи. „Сè што можам да кажам е дека ми требаше многу време да ги соберам скршените парчиња од себе, понекогаш се чинеше дека нема крај“.
Многу луѓе и пишуваа пораки за поддршка на пејачката која беше повлечена од очите на јавноста, а неодамна таа сподели инспиративно видео. Анимираниот клип содржи мотивациони цитати, вклучувајќи го и дека „среќата никогаш не била во вашата работа“ и „среќата е секогаш во тоа да бидете пољубезни кон себе“.
Дафи напиша на Инстаграм:
„Можете да замислите колку време ми требаше да го напишам овој пост. Не сум сигурна зошто мислам дека сега е вистинското време за ова и зошто ова е ослободувачко за мене. Не можам да објаснам. Многумина од вас прашаа – што се случи и зошто исчезнав? А еден новинар ме контактираше бидејќи најде начин да ме најде и му кажав се` уште минатото лето. Имав одлично чувство кога конечно можев да кажам што ме мачеше.
Вистина е, и не грижете се, сега сум добро и безбедна, бев силувана, дрогирана и заробена неколку дена. Јас преживеав, очигледно. Во последната деценија сакав само да ја почувствувам топлината на сонцето на моето срце. Не сакав да му покажам на светот колку сум тажна. Се запрашав – дали можам да пеам со скршено срце. И полека но сигурно се опорави. Ако имате какви било прашања, со задоволство ќе одговорам на нив во интервјуа. Вие бевте мои пријатели сите овие години и сакам да ви се заблагодарам за тоа“, напиша Дафи.
Фото и Видео: Youtube