ТАЖЕН КРАЈ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: 45-годишен маж пронајден мртов во својот дом!

News

Вчера во утринските часови, 45-годишниот П.Б. од Скопје бил пронајден починат во неговиот дом во општина Ѓорче Петров, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен во 08:37 часот во СВР Скопје, а на местото интервенирал лекар кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е однесено за обдукција, додека увид извршила увидна екипа на СВР Скопје со цел да се утврдат околностите под кои дошло до смртта.

Засега нема официјални информации за причините, а резултатите од обдукцијата ќе дадат повеќе податоци за настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *