Инцидент во Град Скопје, полиција и брза помош на лице место!

News

Инцидент попладнево се случил во просториите на Град Скопје, каде поранешен вработен во Градот нападнал вработена, по што нападнатата се онесвестила. На местото на настанот се наоѓаат екипи на полицијата и брза помош.

Напаѓачот, С.Б, инаку е поранешен вработен во Град Скопје, на кој работниот однос му е прекинат во 2024 година, а истиот редовно го придружува актуелниот градоначалник на Град Скопје за време на неговите изјави од позиција на градоначалник.

Според информациите, напаѓачот вербално ја навредувал вработената и ѝ се обраќал на висок тон што предизвикало истата да се онесвести, по што била повикана итна медицинска помош.

Засега е нејасно во кое својство напаѓачот постојано е во придружба на градоначалникот Ѓорѓиевски и дали е дел од неговиот кабинет.

Извор: Инфомакс.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *