Трагедија во Скопје: Во сообраќајна несреќа еден загинат, многу повредени

News

Маж на возраст од 56 години загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се работи за С.Х. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој починал на лице место.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П. (28) од Скопје.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците на загинатиот возач, Н.Х. (52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М. (28) од Косово, како и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *