Тешко е да се најдат вистински зборови кога заминува млад човек кој со своето тивко присуство, скромност и огромна посветеност остави толку силен белег. Вечерва од ВМРО-ДПМНЕ ја соопштија тажната вест.
– Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, честност и труд. Филип ќе го паметиме по неговата искреност, топлата насмевка и силата што умееше да ја даде дури и кога самиот беше уморен.
Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател. Нека светлината во која замина те води, а спомените за тебе и твојот лик секогаш ќе останат меѓу нас. Почивај во мир.