Срцето на јавноста сè уште трепери по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, а секој нов збор од семејствата на загинатите открива уште еден слој од нивната огромна болка.

News

Мајката на Ивона, едно од девојчињата што го загубија животот во пожарот, ги објави последните снимки од својата ќерка – видеа направени буквално неколку минути пред да избие хаосот. Во својата емотивна објава, таа пишува дека токму тие кадри се последните моменти кога ја видела својата ќерка „жива, насмеана и полна со живот“.

Според неа, снимките се најтешкиот, но и најдрагоцен спомен што ѝ останал.

„Тие се последните мигови кога моето дете беше со нас… кога уште ни светеше животот,“ вели таа.

Мајката зборува и за видеата снимена за време на пожарот – моментите кога почнал метежот пред излезот. На снимката, вели, се гледа како Ивона се турка кон вратата, бара воздух и спас. Опишува сцени исполнети со паника, чад и борба за опстанок.

„Гледам како се бори да излезе… да вдише малку воздух. Моето дете било чекор до спас, а никој не ја извлече,“ споделува со скршено срце.

Во дел од видеото, додава таа, се слуша гласот на Ивона како бара помош, но во гужвата никој не успеал да стигне до неа.

„Снимен е последниот нејзин здив. Последната борба… Секое гледање на видеата ми ја раскинува душата, но и ме држи поврзана со неа.“

Во својата порака ветува дека приказната на Ивона нема да остане замолчена – дека ќе продолжи да зборува за неа и да се бори за правда.

„Ти ветувам, ќерко, дека ќе ја кажувам твојата приказна. И ќе ја истерам правдата,“ напиша таа.

Објавата предизвика голем одѕив и поддршка на социјалните мрежи, а јавноста и понатаму бара одговорност за трагичните настани во кои згаснаа млади животи.

Пред три недели, Стојка Иванова-Антова, мајката на Ивона, сподели уште една трогателна порака на денот кога ќерка ѝ ќе го славеше роденденот. Наместо прослава, таа вели дека тој ден оди на гробишта.

„На овој ден, пред 22 години, се роди моето анѓелче Ивон. Најубавото нешто што ми се случило во животот. Ја чувавме како зеница во око, ја учевме да биде добра, да сака, да помага… И навистина беше таква – насмеана, нежна, со големо срце,“ напиша таа.

Со болка сведочи за сета љубов, труд и грижа што ја вложиле во ќерка си – нивната радост, гордост и иднина, која трагично им беше одземена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *