На 07.11.2025 околу 23:01 часот во ОВР Кичево било пријавено дека непознато лице фрлило шише наполнето со запалива течност во дворот од куќа во сопственост на Н.Р. од Кичево.
Нема повредени лица, а пожарот бил навреме изгаснат од сопственикот.
Полицијата презема активности за идентификација и пронаоѓање на сторителот, по што ќе следува соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.