Хорор во дебарско – жена грабната, тепана и силувана во бессознание

News

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал.

Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени и лишени од слобода, по што против нив е поднесена кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *