Вчера околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје, соопштија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.