Невиден скандал на изборот за Мис Универзум – Мексиканката ја напушти церемонијата, останатите ѝ се придружија

News

Најголемото светско натпреварување за убавина, „Мис Универзум 2025“, кое моментално се одржува во Бангкок, стана центар на светското внимание поради неочекуван скандал што ја потресе церемонијата.

Инцидентот настанал кога Науат јавно ја обвинил Бош дека пропуштила снимање за еден спонзор, по што атмосферата станала напната. Мексиканката, видливо потресена, одбила да биде понижена пред останатите учеснички и демонстративно ја напуштила просторијата.
Неколку натпреварувачки, меѓу кои и актуелната Мис Универзум Викторија Кјер Тејлвиг (22), ѝ се придружиле во знак на солидарност.

Сцените од конфликтот веднаш се проширија на социјалните мрежи, каде што корисниците ја прогласија ситуацијата за „најмоќен чин на женска солидарност во историјата на натпреварувањето“. Хаштагот #StandWithMexico и #JusticeForFatima станаа глобално вирални.

Од организацијата „Мис Универзум Мексико“ веднаш издадоа соопштение во кое целосно застанаа зад Фатима Бош, нагласувајќи:
„Ниту една жена, на која било сцена, не заслужува да биде понижена.“
Оваа изјава предизвика силен одек во Латинска Америка, каде што Бош стана симбол на достоинство и смиреност.

Неколку часа подоцна, официјалната организација на „Мис Универзум“ реагираше со соопштение во кое потврди дека останува посветена на „почитување, безбедност и професионална атмосфера“. Најавија и пристигнување на висока делегација во Бангкок со цел да се разгледа ситуацијата и да се обезбедат услови за продолжување на натпреварот.

Фотографиите од напуштањето на сцената, снимените солзи и аплаузот на публиката, станаа симбол на момент што го надмина светот на убавината, претворајќи го во приказна за достоинство, храброст и меѓусебна поддршка меѓу жените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *