Оружје и тепачка во Желино: Шест лица пријавени по крвава расправија!

News

Полицијата поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово по инцидент што се случи на 5 ноември 2025 година во селото Желино.

Пријавени се: Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Инцидентот започнал со претходна расправија помеѓу Ј.Џ. и Б.И. (34), при што Ј.Џ. се обидел да го нападне со метален предмет. Расправијата прераснала во физичка пресметка во која биле вклучени сите шест лица, а според пријавата, Ј.Џ. во еден момент со огнено оружје упатил закани кон Б.И.

Истрагата за случајот продолжува, а надлежните апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите инциденти за да се спречи ескалација на насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *