Во Скопје се забранува фрлање комунален отпад во контејнерите во периодот од 22 часот до 6 часот, а за непочитување следи парична казна од 50 евра, одлучи денеска Советот на Град Скопје на втората седница. Првите неколку месеци ќе важат само опомени.
Според образложението на службите на Град Скопје, целта на одлуката е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот. Рекоа дека мерката со која се дозволува фрлање отпад од 6 до 22 часот можеби не е идеална, но дека нејзиното спроведување ќе биде следено преку комуналното претпријатие и инспекциските служби, а ако се покаже за несоодветна ќе биде коригирана.
Извор : сакам да кажам