Еве колку ќе ве чини еден ручек во овој ресторан доколку порачате печено ребро во фурна.

Иако нашите потрошувачи забележуваат значителен скок на цените на скарата во последните неколку години, нашите ресторани се преполни.
Впрочем за тоа и не ви треба некое истражување – доволно е да се прошетате низ било кој град во Македонија и веднаш ќе забележите дека познатите ресторани и кафани се речиси секогаш полни.
Иако храната во рестораните во сите градови е значително поскапена, нашиот народ едноставно сака да се почести.
Кафаната е дел од нашата традиција, а скарата е нешто без кое ниту еден Македонец не може да си го замисли животот. Па дури ни оние вегетаријанците, кои исто така со своите пријатели често завршуваат на вакви места.
Од овие причини, денес решивме да објавиме една порака што ја добивме од еден наш читател, а кој сакаше да остане анонимен.
Имено, тој ни испрати неколку фотографии од храната, но и од сметката што ја платил во еден ресторан во населбата Аеродром, во Скопје. Неговата објава ја споделуваме во нашата рубрика „Препораки“, која е токму за оваа намена, односно во која ви препорачуваме места за кои сметаме дека треба и вредат да се посетат, а ова дефинитивно е едно од нив.
Станува збор за ресторанот Малешевски мерак, кој се наоѓа во трговскиот центар Бисер во Аеродром .
Извор: Glamur