Возило „ман“ се запалило по полноќ во фирма во скопско село.
– На 08.11.2025 во 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од фирма во село Крушопек, скопско, настанал пожар во товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, инфромираа од полицијата.
Повредени лица нема, а увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Извор : Info. Mk