Отежнат сообраќај на автопатот Скопје–Тетово поради сообраќајна незгода

News

Сообраќајот на автопатот од Скопје кон Тетово се одвива отежнато поради сообраќајна незгода во која учествувале две возила.

 

Несреќата се случила на една од коловозните ленти во правец кон Тетово, при што е предизвикано делумно блокирање на сообраќајот.

 

На местото на настанот присутни се полициски екипи и итна помош, а се врши увид за да се утврдат причините за судирот.

 

Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни и да ги следат насоките на полицијата додека трае расчистувањето на патот.

 

Извор: Журнал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *