Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објавува дека е пронајдена компанијата одговорна за истурање на бела материја на улиците во главниот град.
Тој вели дека инспекторите извршиле вонреден инспекциски надзор на булеварот „Александар Македонски“, каде што пронашле масивни излевања од канализација.
„На местото на настанот беше забележана алармантна ситуација, беше забележано масовно истекување на хемиска пена од централната шахта на булеварот во јавна површина, кое потекнува од правно лице кое работи во непосредна близина.“
„Ова е сериозно кршење на законските прописи и директна закана за животната средина. Надлежните институции дејствуваа веднаш. Земени се примероци од шахтата, од површината на булеварот, како и од машината за пена во сопственост на правното лице“, напиша Ѓорѓиевски.