„За мојата мајка немам чувство дека ми е мајка, тоа го имам за мајка Наташа“ – искрено со водителката Цеце

News

Цеце неодамна беше гостинка во емисијата „Кафе муабети“ која што се емитува на Јутуб каналот на Гламур.

Во емисијата Цеца зборуваше и за својот живот во СОС Детско село, каде што ги помина своето детство и тинејџерските години.
Но како што вели и самата, Цеце во домот го поминала најубавиот период од животот, а за жената која што тогаш се грижела за неа, Цеце и денес зборува со љубов и ја нарекува мајка Наташа.

„За мојата мајка немам чувство дека ми е мајка, тоа го имам за мајка Наташа“ вели Цеце, сеќавајќи се на овој период од животот.

Имено, Цеце коа била мала, нејзината мајка ја оставила кај нејзиниот татко, а потоа Центарот за социјални работи одлучил дека таа не треба да остане во семејството, туку треба да и се најде друг пат.
„За жал или за среќа, јас не сум бирала, бирал некој друг. Бирал Центарот за социјални работи кој одлучил, и фала Богу што одлучил, дека јас не треба да живеам со мојот татко, а мојата мајка ме оставила кај мојот татко, така што тоа е вистинската приказна, колку и да таа во животот пробува да ми наметне нешто друго“, открива Цеце за овој период од својот живот.

„А јас да би бирала, веројатно секое дете би избрало да биде покрај својата мајка. Како деца не знаеме дали воспитувањето е добро, дали начинот на живот е добар. Едноставно сакаме да бидеме до нашата мајка и татко, така што како дете сигурно би одбрала такво нешто, но драго ми е што сега, никогаш не мислев дека ова ќе го кажам, ама еве, на мои 28 години, драго ми е што кога сум имала две години центарот за социјални работи одлучил дека јас не треба да живеам таму и дека треба да ми се најде друг пат“ вели Цеце во емисијата.

Немам комуникација со родителите
Иако како мала имала и мајка и татко, животните околности донеле до тоа да биде сместена и да порасне во дом.

Но приказната на оваа прекрасна дама денес сведочи за нејзината неверојатна сила како личност и за истрајноста.

И покрај тоа што пораснала без родителска љубов, водителката сепак успеала да изгради успешна кариера, но и да им стане инспирација на многумина, иако се уште е млада и животот е пред неа.
Што се однесува до тоа дали денес има некаква комуникација со нејзините родители, Цеце во емисијата вели:

„Со мајка ми немам комуникација. Не дека со татко ми имам, туку сега, дека зборуваме за неа, немам никаква комуникација. И некогаш чувствувам вина за тоа иако сум се обидела на сите можно начини, да се обидам да го изгладам тој однос, да имаме барем пријателски иако тоа којзнае како ќе звучи, еве, за вашите слушатели“.
„Нели со мајка ти да имаш пријателски однос, треба да имате поинаков однос, но јас немам чувство дека таа ми е мајка, Јас имам такво чувство за мајка Наташа, како таа жена да ме родила“, раскажа Цеце во емисијата „Кафе муабети“, па го додаде и следново:

„Затоа што јас откако знам за себе, таа жена била покрај мене и ме носела на сите можни прегледи, по доктори со мене, плачела кога ми паѓала косата… Значи доживеала трауми од мене, само затоа што одлучила дека ќе чува деца без родители, буквално воопшто не морала да помине низ сетот тоа со мене, но и со уште милион други деца“, открива Цеце.

Извор :glamur

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *